Жени Лидерки – Унапредување на родова еднаквост во спортот

Едногодишниот проект „Жени Лидерки – Унапредување на родова еднаквост во спортот“, поддржан од Кралството на Холандија во Р. Македонија започнa со реализација во декември 2018та година. Aктивностите во рамките на овој проект опфаќаа работилници и семинари наменети за градење на капацитетите на локалните спортски организации со цел воведување на родовата перспектива во интерната легислатива како и промоција на методи и модули за унапредување на родовата еднаквост во внатрешните структури на спортските субјекти. Истовремено, беше креирана кампања за подигнување на свеста за значајноста од родовата рамноправност и еднакви можности за жените вклучени во спортскиот сектор.

Партнери за оваа иницијатива беа Агенцијата за млади и спорт како и меѓународното здружение „Women Win“ од Холандија.