Образование на младите преку спорт

Проектот „Младинска едукација преку спорт“ ќе се одвива во општината Чаир и ќе се однесува на едукација и превенција на радикализација преку спортки програми и активности. Во рамките на проектот, младите од оваа општина преку спорт за развој методологијата ќе го унапредат својот индивидуален развој, со цел да се зајакне нивното критичко размислување и граѓански ангажман. Спортските работници ќе се обучат за работа со оваа методологија и заедно ќе се креира спортска програма на која ќе учествуваат млади после училишни часови. Проектот е поддржан од амбасадата на САД во Македонија а во партнерство со Младинскиот Центар во Чаир.