Отворен повик за учесници на тренинг курс во Софија, Р.Бугарија

Во рамки на проектот RISE (Roma Inclusion through Sport in Europe), TAKT објавува отворен повик за 5 учесници на тренинг  курс за обука на спортски работници, обучувачи, млади и социјални работници.

Тренинг курсот се заснова на неформално образование, врз основа на личен придонес на учесниците во форми на интерактивни работилници и презентации, дискусии и дебати на тркалезна маса. Главната содржина на курсот :

– Теоретско и практично знаење за предрасудите и инклузивноста

– Методи за обезбедување квалитетни спортски интервенции за обесправените групи

– Вовед во собраните добри практики и студија на случај

Возраст: 18-30 години

Датум: 21 Август -25 Август

Познавање на англиски јазик – задолжително

Сместување

Hotel Forum

41 Tsar Boris III Blvd.

or GPS address: 1 Sofiiski geroi str.

Sofia 1612, Bulgaria

Link: http://hotel-forum.bg/en/

*Приоритет ќе имаат млади од ромска националност и млади од социјално ранливи категории.

Ве замолуваме да испратете кратко писмо за заинтересираност  на information.takt@gmail.com со назнака ,,за тренинг курс RISE’’ најдоцна до (четврток) 05.08.2021.

Наведете го вашете име, презиме и телефонски број за контакт.