Паботилница за родова еднаквост во спортот во Штип

Оваа недела тим на ТАКТ беше во ОУ Славејко Арсов во Штип каде се одржа работилница за родова еднаквост во спортот преку методологијата спорт за развој. На оваа работилница учениците имаа можност преку едукативни игри да осознаат што значи родова еднаквост, како да бидат фер, толерантни и да се почитуваат меѓусебно. Оваа работилница е уште една во низата во рамки на проектот ,,Да бидеме еднакви, да бидеме фер” поддржан од British Embassy Skopje преку кој се донирaше и спортска опрема.