Презентација на проектот „Младинска едукација преку спорт“ во општина Чаир

Во просториите на Младинскиот Центар во општина Чаир ТАКТ го презентираше проектот „Младинска едукација преку спорт“ и активностите во кои ќе се вклучат спортските работници во рамките на овој проект. За младите од маргинализирани средини во Чаир ќе креираме бесплатна спортска програма која ќе понуди разновидни спортови и која ќе има силна едукативна компонента за зајакнување и социјална инклузија. Во своето поздравно обраќање на настанот, амбасадорката на Амбасадата на САД Кејт Бирнс истакна дека „Спортот може да биде инспирација и да генерира општествени промени и да придонесе кон развој на тимскиот дух и одговорноста кај младите“. Овој проект е поддржан од U.S. Embassy North Macedonia, а во партнерство со Youth Community Center Cair – YCCC.