Проект за социјална вклученост преку спорт

ТАКТ во соработка со амбасадата на Франција во Скопје го спроведе проектот “We Stand Together- Sport for Social Inclusion” кој имаше за цел да ја подобри кохезијата на заедницата, да се бори против социјалната исклученост и да придонесе кон позитивни општествени промени. Проектот беше насочен кон сите важни спортски актери во Северна Македонија, со цел да се подобри вклучувањето на младите од маргинализираните делови на нашето општество. Проектот се основаше на три важни столбови со цел да се постигнат поставените цели: 1. Вмрежување и соработка (Лион, Франција) 2. Градење капацитети (Северна Македонија) и 3. Зголемување на јавната свест за важноста на социјална вклученост преку спорт (Северна Македонија).