Промовирање на стратешки пристап кон спортска дипломатија на ЕУ

Sports Diplomacy

ТАКТ е партнер на Еразмус+ за имплементација на проектот „Промовирање на стратешки пристап кон спортската дипломатија на ЕУ“ чија цел е да се подготват примарни истражувања и етапна серија на спортски настани со цел поддршка на приоритетите на ЕУ во областа на спортската дипломатија. Проектот ќе овозможи усвојување на стратешки пристап кон спортската дипломатија и ќе обезбеди докази за случаи кога спортот игра важна улога во засилување на клучните дипломатски пораки на ЕУ,придонесувајќи кон зајакнување на дипломатските односи со трети земји. Проектот испитува каква улога игра спортот во борбата против насилството, расизмот, дискриминацијата и нетолеранцијата, поттикнување на социјалната инклузија и еднакви можности во спортот; подобрување на доброто управување во спортот, поттикнување на учеството во спортот и промовирање на доброволна активност во спортот.

Партнери на овој проект се: Université catholique de Louvain, Belgium; Edge Hill University; TMC Asser Institute, Netherlands; TAKT; Universidad Carlos III de Madrid, Spain; University of Rijeka, Faculty of Law, Croatia; ESSCA School of Management, France.

Sports Diplomacy