Работилница за родова еднаквост во спортот во Чаир

По работилницата во основното училиште Лириа , денес ТАКТ одржа практична работилница на тема родова еднаквост во спортот и важноста од спортување кај младите девојки и во основното училиште „Петар Здравковски Пенко“ во општината Чаир. Преку интерактивни вежби, учесниците научија дека во спортот треба да се залагаме за еднаквост, толеранција и почит едни кон други. Активноста е во рамки на проектот „Да бидеме еднакви, да бидеме фер“, поддржан од British Embassy Skopje.