Работилница за родова еднаквост во спортот во Чаир

Вчера во основното училиште Лириа во Чаир нашата експертка Надица Јовановиќ и тренер Елена Зисовска одржаа работилница за родова еднаквост во спортот преку методологијата спорт за развој. На оваа работилница учениците преку едукативни спортски игри научија што значи родова еднаквост, како да бидат фер, толерантни и да се почитуваат меѓусебно. Оваа работилница е во рамки на проектот „Да бидеме еднакви, да бидеме фер“ поддржан од Британската Амбасада преку кој се донирaше и спортска опрема.