Развој на авантуристички туризам и млади

Основната цел што овој проект треба да ја постигне е да ја зголеми понудата на авантуристички туризам и ангажирање на млади за зголемување на вработеноста кај младите со специфични цели како:
зајакнување на регионалниот, културниот и природниот развој, преку туризам со спојување на заедничките интереси; културен плурализам и зачувување на природното наследство (национални паркови) за негување на култура на одговорна младина која ќе го промовира туризмот; младинска иновација и диверзификација за одржливост преку младински центри; зајакнување на локалната заедница; и употреба на млади занаетчии во индустријата за развој на туризмот.