Сите заедно за родова еднаквост во спорт

Овој четиримесечен проект цели кон публикација на успешни спортистки и нивните спортски достигнувања како и промоција на девојки и жени кои професионално делуваат во спортскиот сектор. Дел од активностите се однесуваат на интервјуа, медиумска кампања на социјални медиуми и организација на гала настанот ,, Вечер за жени во спортот,,. Проектот е поддржан од Хорус и Академијата за одржливост, на чија обука ТАКТ разви концепт за започнување на партнерство со приватниот сектор во Македонија.