Соработка со Skopje Wild Boars Rugby Club

ТАКТ со задоволство ја најавува соработката со Skopje Wild Boars Rugby Club кои целат кон популаризација на рагби спортот кај младите во нашата земја. ТАКТ ќе придонесе со промоција на родовата еднаквост во овој спорт и зголемување на бројот на девојки кои рекреативно ќе играат рагби. Наскоро ќе организираме заеднички спортски активности. Се гледаме на терен!