Унапредување на жените преку спортот

Girls Empowerment

„Унапредување на жените преку спортот“ е нов проект поддржан од амбасада на Кралството Холандија,а имплементиран од ЗУМД ТАКТ. Проектот се состои од различни работилници за развој на лидерските вештини преку спортот кои ќе се одржуваат во средните училишта низ Македонија. Две експертки од познатата холандска невладина организација ќе ги изведуваат работилниците за унапредување на жените преку спортот заедно со студенти од Факултетот за физичко образование,спорт и здравје. Овој проект ќе вклучува и инспиративна видео презентација за жените спортистки како и објавени стории со еминентни македонки спортистки.

Girls Empowerment