Работилница за родова еднаквост во спортот во Чаир

Вчера во основното училиште Лириа во Чаир нашата експертка Надица Јовановиќ и тренер Елена Зисовска одржаа работилница за родова еднаквост во спортот преку методологијата спорт за развој. На оваа работилница учениците преку едукативни спортски игри научија што значи родова еднаквост, […]

Идни активности поврзани со проектот „Младинска едукација преку спорт“

Денес во просториите на Младинскиот центар во општина Чаир, со Бурим Латифи разговаравме за идните активности поврзани со проектот „Младинска едукација преку спорт“. Наскоро ќе се организираат обуки наменети за спортските работници од оваа општина, а се однесуваат на користење […]

ТАКТ стана дел од приказната на EuropeActive

ТАКТ стана дел од големата европска приказна на EuropeActive во рамките на проектот National #Fitnessday. Среќни сме што за прв пат Македонија ќе стане дел од една ваква иницијатива која има за цел да ја промовира физичката активност и да […]

Се одржа гала настанот „Вечер за жени во спортот“

На 20-ти декември се одржа гала настан „Вечер за жени во спортот“ кој втора година по ред се организира во Македонија. На овој настан во свечена атмосфера се доделија награди во дванаесет категории. Целта на овој настан, е да се […]

Работилницата на тема родова еднаквост во спортот во Штип

Вчера во основното училиште ,,Тошо Арсов” во Штип, се одржа работилницата на тема родова еднаквост во спортот, прикажана преку спорт за развој методологијата. Девојките и момците кои учествуваа, се запознаа со сите придобивки од спортувањето и важноста од креирање на […]

Инклузија на Ромите преку спортски активности

Со задоволство ве информираме дека ТАКТ е партнер на новиот Ерасмус проект кој ќе се однесува на социјална инклузија на Ромите преку спортски активности. Во следните две години ќе развиеме и спроведеме спортска програма во повеќе општини, промовирајќи го спортот […]

Панел-дискусија „Жената во спортот“

Панел-дискусија со наслов „Жената во спортот“, под покровителство на Sport Vision, ги раскажа инспиративните приказни на Елена Бубало, фитнес-инструкторка, Едина Муса, кошаркарка и фитнес-инструкторка, Снеже Велков и Билјана Миланова, интернационална фудбалска судијка. Дискусијата ја водеше Магдалена Спасовска од невладината организација […]

Учество на конференција на тема спортска дипломатија во Стразбур

Минативе денови во Стразбург се одржа третиот по ред настан на тема спортска дипломатија во рамките на Еразмус проектот „Промоција на стратегија на спортска дипломатија на Европско ниво“. Панелистите од Советот на Европа, Интернационалниот Олимписки Комитет, УНЕСКО и други институции, […]