Oтворен повик за ангажирање на графички дизајнер

ЗУМД ТАКТ. – објавува конкурс за ангажирање на еден графички дизајнер во рамки на приектот „ Млади и развој на вештини за вработување “, поддржан од ГИЗ,

Ангажманот се однесува за периодот  од 15.06.2021 до 15.12.2021 година.

 Кандидатките и кандидатите кои ќе бидат земени предвид треба да ги исполнуваат следните квалификации и вештини:

Квалификации:

  • завршено високо образование или соодветен курс за графички дизајнер
  • одлично познавање на англиски јазик
  • државјанство на Република Македонија
  •  

Вештини:

  • Повеќе годишно искуство во работа како графички дизајнер

За работното место предност ќе имаат кандидатките и кандидатите со претходно искуство:

  • во работа со невладини организации

Најдоцна до 14 Јуни 2021, заинтересираните кандидати и кандидатки треба да достават:

– биографија (во која јасно посочуваат кон бараните квалификации и вештини)

Сите кандидати кои ќе ги достават бараните документи и кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса. Кандидатките и кандидатите ќе бидат известени за резултатите од Конкурсот, по електронски пат 2 дена по затворање на конкурсот.

Документите со назнака/предмет на пораката конкурс за графички дизајнер можете да ги доставите на следниов начин:

По електронска пошта: information.takt@gmail.com