Oтворен повик за експерт за спорт за развој

ЗУМД ТАКТ – објавува конкурс за ангажирање на еден експерт за спорт за развој во рамки на проектот „ Млади и развој на вештини за вработување “, поддржан од ГИЗ.

Кандидатките и кандидатите кои ќе бидат земени предвид треба да ги исполнуваат следните квалификации и вештини:

Вештини:

  • Повеќе годишно искуство за водење на обуки на тренери на тема млади и развој на вештини за вработување преку спорт
  • Искуство во организирање на обуки за спорт за развој на млади

Квалификации:

  • сертификат за завршени обуки на тема спорт за развој
  • завршено високо образование
  • одлично познавање на англиски јазик
  • државјанство на Р.С. Македонија

За ангажманот предност ќе имаат кандидатките и кандидатите со претходно искуство:

  • во методологијата спорт за развој и невладинот секор
  • за работа со големи групи млади и возрасни

Ангажманот се однесува за периодот  од 15.06.2021 до 15.12.2021 година.

Најдоцна до 04 Јули 2021 (недела), заинтересираните кандидати и кандидатки треба да достават:

– биографија (во која јасно посочуваат кон бараните квалификации и вештини)

– писмо за мотивација

  • писмо со препорака

Сите кандидати кои ќе ги достават бараните документи и кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса.  Документите со назнака/предмет на пораката конкурс за локален координатор на активности можете да ги доставите на следниов начин:

По електронска пошта: information.takt@gmail.com