Повик за изработка на кратки видео материјали

Здружението за унапредување на меѓусебна доверба, ТАКТ во рамки на проектот „Спорт за сите” поддржан од германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) објавува повик за изработка на шест кратки видео материјали.

ЗАДАЧИ
Избраната компанија треба да:
• Да изработи шест видеа
• Да соработува и да ги следи насоките за изработка на видеото

• Да ги презентира видеата пред нарачателот и да ги менува во согласност со дадените насоки од нарачателот
• Да ги предаде видеата во соодветен формат и во договорениот рок.

Цел на активноста

Видеата кои ќе треба да се изработат со овој повик се во рамки на кампања која ќе има цел да ги сподели искуствата и резултатите од проектот „Спорт за сите” .

Видео материјалите треба да ги вклучат сведоштвата на инволвираните страни за време на проектот како и промовирање на идејата социјална инклузија преку спорт како и промовирање на партнерството ,,Спорт за сите’’.\

Повикот е отворен до 15. Октомври 2020 до 17:00 часот.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: jovan.kamcev@takt.org.mk најдоцна до 15 октомври 2020 г. 17:00 часот, со назнака Апликација за изработка на видео материјали.

Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.