Отворен повик за oбука на тренери за спорт за развој – Општина Карпош

Во рамки на проектот Спорт за сите поддржан од Германското друштво за интернационална соработка ГИЗ, ЗУМД објавува повик за Обука на тренери за спорт за развој за сите заинтересирани лица од општина Карпош

За кого е наменета оваа обука? 

  • За сите спортски работници, тренери, наставници по физичко образование
  • За сите оние кои се одговорни кон себе и сакаат да напредуваат
  • Секој кој што е  мотивиран да излезе да ги надмине ограничувањата и предрасудите во општеството.

Што се очекува од тренерите по завршувањето на обуката?

  • Да работат директно со децата од социјално загрозени семејства
  • Со млади лица од ромска популација
  • Млади лица со попречености
  • Да спроведуваат работилници по методологијата спорт за развој
  • Стекнатото знаење да го спроведуваат и на нивното работно место

Кога?

Од 12ти до 15ти Август 2020 година.

Каде?

Берово/Маврово

Колкав е бројот на учесници на обуката?

Местата се ограничени

Доколку сте заинтересирани испратете е-меил со ваши податоци и телефонски број на  emilija.arsovska@karpos.gov.mk

*Приоритет ќе имаат спортските работници кои се дел од локалните партнерства за спорт за развој

*Сместувањето на база на полн пансион како и превозот до местото каде што ќе се одржува обуката е обезбедено од страна на ЗУМД ТАКТ во целост.

*По завршување на тренингот ќе се стекнете со потребното знаење и  вие понатаму  ќе можете да работите со овие специфични групи и направете позитивна промена.