Прирачник за развој на животни вештини

Во рамки на проектот Младинска едукација преку спорт, го издадовме прирачникот Развој на животни вештини преку спорт со цел превенција од насилство и радикално однесување кај младите. Овој прирачник е компилација од теоретски и практичен дел и претставува алатка за сите лица кои имаат практично спортско искуство и работат со млади. Прирачникот содржи различни спортски игри преку кои младите имаат можност да ги подобрат комуникациските и лидерските вештини, тимскиот дух, самоконтролата како и рационалност и донесување на правилни одлуки.