• Програми

Зајакнување на млади девојки и жени преку спортот

ТАКТ ја препознава моќта на спортот во зајакнувањето на девојките и младите жени преку градење на нивните капацитети кои го подобруваат квалитетот на нивниот животот и животот на другите во заеднцата. Преку учество во спортските програми тие ги подобруваат лидерските и животните вештини, самодовербата, упорноста и самоефикасноста, притоа станувајќи активни двигателки во областа на лидерството.

 

Нашата програма им овозможува на девојките и жените да ги користат своите лидерски вештини за да ги искористат сите придобивки од своето образование, да ги искажат своите мислења и идеи и да преземат акција за прашања од општествено значење. Како резултат на тоа, нашите програми засновани на спорт, станаа моќна алатка за надминување на патријахалните и социјални норми.

Ангажмани за застапување

На иницијатива на ТАКТ се создаде движење за родова еднаквост во спортот. Преку развиена стратегија за застапување, имаме за цел да ги истакнеме недоволно застапените и маргинализираните жени во спортот на национално и на меѓународно ниво. Нашата кампања за застапување е наменета за засилување на нечуените гласови на жените во спортот во земјава, обезбедувајќи им еднаков пристап и можности во спортот. ТАКТ работи на подигнување на родовата свест со цел да се обезбедат сигурни и достапни информации за да се изгради подобро разбирање на родовата еднаквост како основна вредност во земјата. Покрај тоа, ние учествуваме и го претставуваме гласот на жените во спортот преку политичко ангажирање и застапување на национално и меѓународно ниво. Апелираме преку креаторите на политиките, политичките партии и владите да ја вклучат перспективата за родова еднаквост во политиките и политичките дијалози.


Нашата стратегија насочена кон креаторите на политиките значи вклучување на родовата компонента во политиката и законодавството.

Градење на мирот и социјална кохезија преку спортот

Целта на ТАКТ е да се искористи моќта на спортот да промовира инклузија, помирување и градење на мирот. Ние ја одбравме стратегијата за Спортот за развој и мир како социјална интервенција која користи игри и спорт преку кои ги исполнуваме и промовираме Целите за одржлив развој посочени од Организацијата на обединетите нации (ООН). Целта на нашите спортски програми е да се надминат географските и социјалните бариери, со што ќе се обезбеди сигурно место за подобрување на комуникацијата, интеракцијата и интеграцијата на младите. Преку спортот едуцираме и промовираме позитивни вредности и го олеснуваме развојот на важни индивидуални и социјални вештини.