Поддршка на Првомајски крос во Крива Паланка

Во Крива Паланка и оваа година на 30ти април се одржа општинскиот Првомајски крос. Организатор на Првомајскиот крос е општинскиот сојуз на училишни спортови со инволвирање на училишните спортски клубови заедно со локалната мрежа „Спорт за Сите“ во координација на ТАКТ. Околу четиристотини учесници од основните и средното општинско училиште во Крива Паланка учествуваа во овој крос кој се одржа на градскиот стадион. Целта на овој настан е да се промовира спортот, да се активираат што поголем број млади луѓе во спорт и да се промовира спортскиот стил на живеење.

Учесниците по воведното загревање од персоналниот тренер Надица Јовановиќ, ги истрчаа предвидените атлетски патеки, со должина од 200 до 800 местри, поделени во пет категории, од четврто и петто одделение, до четврта година средно образование, во машка и женска конкуренција.

previous arrowprevious arrow
next arrownext arrow
Slider