Силвија Митевска избрана да учествува на Глобалната Спортска Менторска Програма

Силвија Митевска избрана да учествува на Глобалната Спортска Менторска Програма

И посакуваме среќа на Силвија Митевска, која заедно со други 15 жени професионалци од целиот свет, ќе учествува на престижната Глобална Спортска Менторска Програма, поддржана од Државниот секретаријат на САД и espnW. Силвија ќе се сретне и ќе соработува со врвни американски директорки во спортската индустрија.

Глобалната Спортска Менторска Програма создава нова глобална мрежа на жени и девојки кои се стремат кон создавање на позитивни промени во нивните домашни заедници преку спортот. Откако ќе ја заврши програмата, која ќе се одвива во Њујорк и Вашингтон, Силвија ќе биде назначена за Нов Лидер и ќе подготви акциски план за ЗУМД ТАКТ кој ќе го развива за време на нејзиниот престој во САД.