Учество на спортската програма She Runs Active girls’ lead

Учество на спортската програма She Runs Active girls' lead
Participation in the sports program She Runs Active girls' lead

ТАКТ ќе учествува на меѓународната спортска програма „She Runs Active girls’ lead“ организирана од Интернационалната Училишна Спортска Федерација и Еразмус+ , која има за цел да промовира физичка активност, развивање на лидерство и зајакнување на ученички преку спорт.

Македонска делегација составена од дванаесет млади спортистки од Скопје, Куманово, Крива Паланка и Охрид, заедно со своите менторки ќе отпатуваат во Париз, Франција. Во текот на нивниот престој ќе имаат можност да учествуваат во мултидимензионални активности кои ги поврзуваат спортот, културата, образованието и иновациите, притоа потенцирајќи ја значајноста на училишниот спорт во промовирањето на родовата еднаквост.