Нов светски рекорд во фудбал

Нов светски рекорд во фудбал

Минатата недела тимот на ТАКТ учествуваше на Спортскиот фестивал во Лион, Франција, организиран од невладината организација Equal Playing Field , која се залага за родова еднаквост и зајакнување на жени преку фудбал. Во рамки на фестивалот се организираа обуки и работилници со говорнички од различни земји, кои го споделија своето искуство и предизвиците со кои се соочуваат во доменот на рекреативен и професионален фудбал.

Меѓутоа, тоа што го обележа фестивалот е поставување на нов светски рекорд со најголем број на играчи (вкупно 807) во мал фудбал во 69 часовна постојана игра, со резултат 404-369. Овој настан беше организиран со цел да се испрати порака за унапредување на родовата еднаквост и еднакви можности за жените и мажите во спортот, односно фудбалот. Паролата на настанот #Anygirlanywhere значи дека сите девојки и жени треба да имаат пристап и еднакви можности во фудбалот.

previous arrowprevious arrow
next arrownext arrow
Slider