„Девојките се лидери“ е спортска иницијатива во траење од шест месеци за користење на спортски пристап и создавање на единствени можности за унапредување на девојките и жените во Македонија. Целта на проектот е промовирање на примери и унапредување на жените спортистки преку специјални креирани активности за поддршка и помош на претприемништвото во спортската индустрија. Овој проект е базиран на концепт кој опфаќа вклученост на национално ниво преку селекција на три општини во Македонија. Иницијативата е поддржана од страна на Француската амбасада и Францускиот Конзулат.

Girls are Leaders