Oрганизацијата ТАКТ (Together Advancing Common Trust) објави кампања за еднаков третман, еднаква поддршка и еднакви можности за сите во спортот под мотото #ЗастаниНаНејзинаСтрана, која ги повикува сите во спортскиот сектор да застанат на страната на родовата еднаквост. „Спортистите кои застанаа на страна на еднаквоста во спортот, тие се вистинска инспирација за сите и не потсетија дека еднаквост во спортот значи подобар спорт за сите!“ – велат од организацијата. Видеото кое произлезе од оваа кампања погледнете го во продолжение…