Денес во просториите на Младинскиот центар во општина Чаир, со Бурим Латифи разговаравме за идните активности поврзани со проектот „Младинска едукација преку спорт“. Наскоро ќе се организираат обуки наменети за спортските работници од оваа општина, а се однесуваат на користење на спортот за ненасилна комуникација, развој и инклузија.