ТАКТ започнува со имплементација на новиот проект „Младинска едукација преку спорт“ кој ќе се реализира во општина Чаир, а ќе опфати обуки на спортски работници и креирање на спортска програма за млади. Целта на проектот е да се промовира спортот како ефикасна алатка за постигнување на личен развој, мир, толеранција и меѓусебна почит. Наши соработници во овој проект се Youth Community Center Cair – YCCC, а поддршка имаме од U.S. Embassy North Macedonia.