ТАКТ учествуваше на презентацијата на проектот „FREE RIDE MAVROVO – слободен спуст преку целата година“ кој се одржа во Маврово. Овој проект предвидува: конструкција на Велосипедски парк на скијалиштето кој ќе функционира од месец мај до ноември, реновирање на Трифкова колиба во велосипедско и скијачко бачило со локална храна, кое ќе функционира цела година и набавка на Free Ride опрема за скијање во слободен спуст во текот на зимската сезона јануари до март. Во следниот период ТАКТ интезивно ќе работи на развој на спортскиот туризам во општина Маврово и Ростуше.