Минативе денови во Стразбург се одржа третиот по ред настан на тема спортска дипломатија во рамките на Еразмус проектот „Промоција на стратегија на спортска дипломатија на Европско ниво“. Панелистите од Советот на Европа, Интернационалниот Олимписки Комитет, УНЕСКО и други институции, дискутираа околу можните перспективи и соработката помеѓу Европските институции и меѓународните спортски организации. Конференцијата на тема спортска дипломатија на грас-рут ниво ќе се одржи во април во Скопје.