Минатите денови во Хелсинки се одржа досега најголемиот форум на тема родова еднаквост во спортот, кој е завршен настан на едногодишната програма #NewLeaders за лидерство и унапредување на еднаквоста во спортскиот сектор. Претседателот на Интернационалниот Олимписки Комитет Томас Бах, како и многу други претседатели и претседателки на национални олимписки комитети и федерации се јавни поборници за поголема застапеност на жените на раководни позиции и еднакви можности за сите вклучени во спортскиот сектор.