ЗУМД ТАКТ – објавува конкурс за ангажирање на еден експерт за спорт за развој во рамки на проектот „ Млади и развој на вештини за вработување “, поддржан од ГИЗ.
Кандидатките и кандидатите кои ќе бидат земени предвид треба да ги исполнуваат следните квалификации и вештини:
Вештини:
- Повеќе годишно искуство за водење на обуки на тренери на тема млади и развој на вештини за вработување преку спорт
- Искуство во организирање на обуки за спорт за развој на млади
Квалификации:
- меѓународен сертификат за спорт за развој
- завршено високо образование
- одлично познавање на англиски јазик
- државјанство на Р.С. Македонија
За ангажманот предност ќе имаат кандидатките и кандидатите со претходно искуство:
- во методологијата спорт за развој и невладинот секор
- за работа со големи групи млади и возрасни
Ангажманот се однесува за периодот од 13.10.2021 до 15.12.2021 година.
Најдоцна до 12 Октомври 2021 (вторник), заинтересираните кандидати и кандидатки треба да достават:
– биографија (во која јасно посочуваат кон бараните квалификации и вештини)
-финансиска понуда колку би изнесувал вашиот ангажман од ден
Сите кандидати кои ќе ги достават бараните документи и кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса. Документите со назнака/предмет на пораката конкурс за експерт за спорт за развој можете да ги доставите на следниов начин:
По електронска пошта: information.takt@gmail.com