Training on Youth crime prevention through sport

Претставници на ТАКТ учествуваа на семинарот на тема „Превенција на криминал кај младите преку спорт“ во рамките на програмата Line Up Live Up, организирана од OSCE и UNODC. Во оваа програма, спортот е користен како алатка за превенција на малолетничка деликвенција, преку подобрување на нивните меки и социјални вештини кои се круцијални за личен развој кај младите и истата е продукт на ДОХА декларацијата усвоена на Конгресот на Обединети Нации во 2015та година.