ТАКТ заврши со реализација на десетмесечниот проект од програмата Спортска Дипломатија со цел градење на соработка и партнерство помеѓу Р.Македонија и Р.Косово. Спортската дипломатија може да се дефинира како нов квалитативен, економичен и влијателен пристап кој води кон зголемување или создавање траен дијалог и културно разбирање како и инклузија и зајакнување на соработката помеѓу младите. Во рамките на проектот се организираа работилници и летни кампови со учесници и учеснички од Р.Македонија и Р. Косово. Проектот беше поддржан од Меѓународната Асоцијација за спорт и култура.