На 09.10.2017 граѓанската спортска организација ТАКТ, со поддршка на Амбасадата на кралството Холандија во Македонија и Агенцијата за млади и спорт, одржа промоција на спортско видео кое чија цел е да се промовира женскиот спорт и многубројните придобивки од спортувањето. Во видеото се прикажани проминентни спортистки од осум различни спортови кои во македонската јавност се препознатливи по своите резултати. Пораката која ова видео ја пренесува е улогата на спортот при зајакнување на девојките, придобивките од спортувањето и унапредувањето на родова еднаквост во спортот.
Погледнете го видеото „Девојки како нас“!
Инспирирајте се од приказните на овие осум македонски спортистки и од моќта на спортот да трансформира животи.