Во рамките на проектот „Зајакнување на девојките преку спорт“, поддржана од амбасадата на Кралството Холандија во Р. Македонија, се одржа првата работилница предводена од експертките за родова еднаквост од Холандија, Анита Власвелд и Вили Вестерхоф.
На оваа работилница се говореше како да се надминат бариерите и да се остане активен во спортот, како да се создаде безбедна спортска средина за девојки и жени, да се препознаат и спречат сексуалните и останатите видови на злоупотреби во спортот, и како да се развијат спортско-рекреативни активности во заедницата во која делуваме.
Учеснички на дводневната работилница беа студентки од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.