Потпишан меморандум за соработка со Општина Крива Паланка

Во просториите на градоначалникот Борјанчо Мицевски потпишан е меморандум за соработка со Општина Крива Паланка. Со овој Меморандум се унапредува партнерството и соработката околу реализирање на Програмата за спорт за развој, чија цел е подобрување на социјалното вклучување и кохезија на младите од маргинализираните заедници од Крива Паланка. Оваа програма нуди можности за развој на децата и младите преку спорт и физичка активност.