Како една од препораките од првата Национална конференција „Жени во спорт”, ТАКТ со поддршка од UN Women, ја оформи Работната група за родова еднаквост во спортот.
Во работната група членуваат следните спортистки и активистки: Гордана Нацева, Моника Гавриловска, Силвија Митевска, Андријана Будимир, Гордана Цветковска-Бошевска, Ленче Алексовска-Величковска и Андријана Мисовски.
Работната група за родова еднаквост во спортот преку своето делување ќе се стреми да ги постигне следните ЦЕЛИ:
- Промовирање на родовата рамноправност и зајакнување на жените преку спорт
- Подобрување на пристапот за жените и девојките до физичко образование и спорт
- Воведување на родова перспектива во имплементираната легислатива и политика во функција на родовата еднаквост
- Соодветно распределени финансиски и други ресурси за имплементација на законите и политиките кои ќе обезбедат родова еднаквост во спорт
- Подигнување на свеста во врска со постоечката стигматизација и маргинализација на жените во спортот
- Надминување на предрасудите особено кај ранливите категории на жени и девојки, поврзани со учество во спортски активности