За првпат досега проговоривме на тема Родово базирано насилство врз жените во спортот. На конференцијата органзирана во соработка со Национална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство и Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport и со поддршка од U.S. Embassy Macedonia отворивме една сензитивна тема за која досега не се говореше во македонската јавност. Дел од спортистките споделија лични искуства и кажаа со каков тип на насилство се соочувале во нивните спортски кариери. Најважно, од дискусијата произлегоа заклучоци и препораки за превенција на насилството врз жените врз спортот.