На 20-ти декември се одржа гала настан „Вечер за жени во спортот“ кој втора година по ред се организира во Македонија. На овој настан во свечена атмосфера се доделија награди во дванаесет категории. Целта на овој настан, е да се истакне квалитетот и значајноста на женскиот спорт, да се промовира заложбата за родова еднаквост во спортот и да се поттикне поголема медиумска поддршка на жените кои се активни и успешни во спортскиот сектор.
Прогласени победнички во 12-те категории се:
Најнадежна млада спортистка
Миа Тодорова
Најголем придонес во училишен спорт
Анета Глигорова
Најдобар женски тренер
Жаклина Стојановска
Најдобра судијка
Ивана Пројковска
Најголем општествен придонес преку спорт
Македонска Асоцијација Бочија
Најуспешна спортска менаџерка
Зорица Блажевска
Спортски подвиг на годината
Тина Несторовска
Посебно признание за животно дело
Индира Катратовиќ
Најдобра спортистка со инвалидитет
Сара Дураку
Најдобра спортистка во колективен спорт
Наташа Андонова
Најдобра спортистка во индивидуален спорт
Пулексенија Јованоска
Најдобра спортистка за 2019та година
Адријана Поп Арсова