https://www.facebook.com/TAKT.ngo/videos/599593720461461/

На 20ти декември во хотел „Александар Палас“ се одржа гала-настанот „Вечер за жени во спортот“ на кој за првпат се доделуваа спортски оскари за најдобрите жени од спортот. На овој настан во свечена атмосфера се доделија награди во тринаесет категории и се славеше успехот и најдобрите спортски достигувања на жените спортистки во 2018та година. Лауератка за 2018та година и најдобра спортистка е фудбалерката Наташа Андонова.

Целта на овој настан беше да се истакне квалитетот и значајноста на женскиот спорт во Р. Македонија, да се актуелизира и промовира заложбата за родова еднаквост во спортот и да се поттикне поголема медиумска поддршка на жените кои се активни и успешни во спортскиот сектор.

Оваа манифестација е поддржана од Стејт Департмент на САД, Европска комисија со Европска недела на спорт и амбасадата на Кралството Шведска во Република Македонија.

Победнички во категории:

  • Најнадежна млада спортистка – Ана Марија Георгиевска(таеквондо)
  • Најдобра спортска новинарка – Ирена Андреевска (МТВ)
  • Најдобра спортска менаџерка – Моника Гавриловска (МКФ)
  • Најдобра судијка – Марија Илиева и Сивлана Карбеска
  • Најдобар женски тренер – Јулијана Црвенкоска(ракомет)
  • Најдобар женски тим – ЖРК Вардар
  • Најголем придонес за родова еднаквост во спортот – Ленче Алексовска Величковска
  • Организација за позитивни општествени промени преку спорт – Специјална Олимпијада Македонија
  • Посебно признание за животно дело – Стојна Вангеловска
  • Најдобра спортистка со инвалидитет – Оливера Наковска Бикова(стрелаштво)
  • Најдобра спортистка во колективен спорт – Сара Ристовска(ракомет)
  • Најдобра спортистка во индивидуален спорт – Ангела Мојсовска(карате)
  • Најдобра спортистка за 2018та година – Наташа Андонова (фудбал-Барселона)
https://www.facebook.com/TAKT.ngo/videos/600366180419119/